1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поетот Маџиров на симпозиум во Цирих

29 јануари 2012

Поетската книга на Маџиров „Преместен камен“ во превод на германски од Зицман е избрана меѓу најзначајните четири книги од Централна и Источна Европа за 2011-та во германското јазично подрачје.

https://p.dw.com/p/13sa2
Македонскиот поет Никола МаџировФотографија: Nikola Pozdravi

Поетската книга на Никола Маџиров „Преместен камен“ и останатите три книги романите „Осум минути“ на унгарскиот автор Петер Фаркаш, „Перверзија“ на украинскиот романсиер Јури Андрухович и „Алојз Небел“ на чешкиот автор Јарослав Рудиш се избрани за најзначајните книги од Централна и Источна Европа за мината година. За таа цел, по осми пат, денеска и утре во „Литератур Хаус“ во Цирих, Швајцарија, се одржува симпозиум и работилница на тема „Новата литература на Централна Европа“ на кој книжевни критичари од Германија, Австрија и Швајцарија дебатираат за сите четири книги. Модератор на книжевните вечери е меѓународно признатата швајцарска писателка Илма Ракуса, позната и како преведувачка на германски на Маргарет Дира, Марина Цветаева, Данило Киш и Имре Кертеш.


За книгата на Никола Маџиров веќе се појавија пет одлични критики во германските медиуми, политичкиот неделник „Ди Цајт“ објави негова поезија, а неделникот „Шпигел“ го спореди со годинашниот добитник на Нобелова награда за литература, Томас Транстромер.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: Александра Трајковска