Подигнато обвинение против Курти
5 јуни 2007Реклама
Меѓународниот обвинител на Косово подигнал обвинение против Албин Курти лидерот на здружението „Самоопределување“ заради организирање на насилните демонстрации од 10 февруари годинава. Курти се товари за учество и организација на групата која извршила криминални активности. За време на демонстрациите загинаа две лица, а над 80 беа повредени во судирите со полицијата. „Самоопределување“ е против преговори за статусот и бара независност за Косово.