Поддршка на израелско палестинските разговори
24 септември 2007Реклама
Блискоисточниот мировен квартет по неколкугодишен застој гледа шанси за придвижување на мировниот процес. Претставниците на ОН, САД, ЕУ и Русија на разговорите во Њујорк се согласија дека билатералните разговори меѓу израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас даваат повод за надеж. Претставниците на квартетот ја поддржаа мировната конференција за блискиот исток, планирана за ноември. САД соопштија дека на конференцијата ќе бидат поканети 11 земји од арапската лига, вклучувајќи ги Сирија и Саудиска Арабија