Погреман Тоше Проески
17 октомври 2007Трагично загинатиот македонски и балкански музички идол , Тоше Проески попладнево беше погребан со највисоки државни и верски почести на градските гробишта во неговото родно Крушево . Илјадници луѓе се собраа во Крушево за да му оддадат последна почит на најпопуларниот македонски музичар Тоше Проески. Пред посмртните останки на Проевски се поклонија , претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието , Љубиша Георгиевски . Меѓу присутните на погребната церемонија беа амбасадорите на ЕУ и на САД, Ерван Фуере и Џилијен Миловановиќ , членови на Владата, пратеници , а со погребната церемонија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ, во придружба на владиците во МПЦ, Петар и Ангелариј. Последна почит на Тоше Проески му одадоа и претставници на македонската музичка сцена како и врвни страдни имиња од балканските простори . Во Македонија денеска е Ден на жалост и знамињата се на половина копје . на денешниот натпревар меѓу Македонија и Андора од квалификациите за европското фудбалско првенство на градскиот стадион во Скопје ќе биде промовирана последната песна што ја сними Тоше Проески “Македонија навива за вас”