Религија
Поглед во јајцето
17 април 2017Реклама
Велигден е време на вапсување јајца. Тоа пред многу векови прво го правеле само свештениците. Јајцата, црвени и симбол на воскресението на Исус, им ги делеле на членовите на својата парохија. Подоцна и луѓето самите започнале да вапсаат шарени јајца и меѓусебно да си ги делат.
Јајцата во Германија, меѓутоа, се омилени во текот на целата година и речиси неизоставен дел од појадокот. Како се препознава која кокошка какво јајце ќе снесе? Зошто јајцето е овално и каков е неговиот состав? И зошто не излегува пиле од секое јајце? Еве неколку факти: