1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повредени во експлозија во атомска централа во Франција

СН/ агенции
9 февруари 2017

Од нуклаерната централа во Фламанвил беше јавено за експлозија. Тaа се случила во не-атомскиот дел на централата и не постои закана за населението, соопштија властите.

https://p.dw.com/p/2XElf
Frankreich Krenkraftwerk Flamanville
Фотографија: Getty Images/AFP/C. Triballeau

Во атомската постројка во Фламанвил на северозападот на Франција, утрината околу 10 часот се случи експлозија во која 5 лица се полесно повредени, соопштија локалните власти.

Локалните официјални лица од регионот Манш, каде што се наоѓа централата, изјавија дека 5 лица претрпеле „полесно труење од чад“, но оти потешко повредени нема.

Порталот на францускиот весник „Ле Mонд“, повикувајќи се на пишувањето на локалниот весник „Уест Франс“, пренесе дека утрината дошло до пожар, а потоа се случила експлозија во самиот центар на постројката, меѓутоа надвор од нуклеарната зона.

Како што се наведува, пожарот е веднаш локализиран и е ставен под контрола, еден од реакторите во атомската централа е исклучен, а локалните власти наведоа дека нема опасност од нуклеарна хаварија.

Експлозија во нуклеарна централа во Франција

Во Франција постојано се случуваат инциденти во атомските централи. Земјата е во висока мерка зависна од нуклеарната енергија. Вкупно 58 реактори снабдуваат околу 75 проценти од француската електрична енергија. Во 2015 година беше усвоен закон за енергетски пресврт според кој овој процент треба да биде намален на 50, меѓу другото и преку зголемување на капацитетите за обновлива енергија.