1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе природни катастрофи го демнат светот

17 ноември 2011

Десет дена пред клучниот Самит за климата на ОН во Дурбан, Светскиот климатски Совет утре (18.11) ќе го објави Специјалниот извештај за екстремни временски услови. Прогнизите се алармантни...

https://p.dw.com/p/13CRK
Фотографија: dapd

Светот мора да се подготви на се’ почести природни катастрофи предизвикани од промените на климата. Ова произлегува од извештајот за екстремни временски услови на Светскиот климатски совет (ИПЦЦ), кој утре треба да биде објавен во Кампала, главниот град на Уганда. Притоа климатскиот совет смета на глобален раст на температурите за 4 до 5 Целзиусови степени до 2100 година како последица на ефектот на стаклена градина.

Топлотни бранови и се закануваат на Европа

За Африка, експертите за климата, предвидуваат зголемен број на суши, за САД и Карибите повеќе разурнувачки урагани и закана за голем број острови пoради зголемувањето на морското ниво. Во Европа особено загрозени од топлотни бранови и бури ќе бидат земјите во средоземноморскиот регион. За Германија истражувачите на климата предвидуваат температури и до 50 степени во летниот период. Животот во некои региони во светот ќе биде практично невозможен, предупредува Светскиот климатски совет, во изведоците од извештајот што се достапни пред неговото утрешно официјално објавување.

Fregattvogel
Сушите се иднина на Африка?Фотографија: fotolia/stefan balk

Колку силни ќе биде дејството на промената на климата зависи и од противмерките кои ќе се превземат за спречување на овие временски феномени, заклучуваат истражувачите од Светскиот климатски совет.

Извештајот за екстремни временски услови во кој се вклучени илјадници посебни студии треба да биде дел од големиот извештај за климата на ОН кој треба да биде објавен во 2014 година.

Светскиот климатски совет (ИПЦЦ) кој беше основан во 1988 година беше награден со Нобеловата награда за мир во 2007 година, затоа што успаел климатските промени да ги вметне во колективната свест.

Hurrikan Irene / New York / USA
Бројни моќни урагани им се закануваат на САД и на карипските острови?Фотографија: AP

Клучниот самит во Дурбан

На 28 ноемви во јужноафриканскиот град Дурбан започнува Самитот за климата на ОН, на кој ќе се дискутира за меѓународниот договор што треба да го наследи т.н. Протокол за климата од Кјото, чие важење истекува во 2012 година. Во 1997 година во јапонскиот град Кјото меѓународната заедница успеа последен пат да постигне договор за меѓународно-правно обврзувачки одредби за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Следуваа два неуспешни обиди да се постигне нов таков договор на светските климатски Самити во Копенхаген во 2009 и во Канкун во 2010 година. Човештвото не може да си дозволи уште еден таков неуспех, порачуваат експертите за климата во Самитот во Дурбан кој ќе трае до 9 декември, гледаат последна шанса за постигнување меѓународна спогодба - наследник на протоколот од Кјото.

Автор: СН/ дпа/ афп

Редактор: Александра Трајковска