1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе мобилни телефони, отколку жители

4 март 2011

Поради се` пониските цени на мобилните оператори, многу македонски граѓани се откажуваат од фиксната линија. Експертите констатираат дека во таа област, проблем и натаму останува монополот.

https://p.dw.com/p/R6DV
Фотографија: picture-alliance / KPA

Што ми значи конкуренцијата, кога на фиксен телефон трошам вистинско богатство секој месец, се прашува еден средовечен скопјанец, кон инсистираше да остане анонимен. За телефон плаќа по 1500 денари месечно.

Во Македонија фиксна телефонија нудат десетина оператори, но неприкосновен е Мактел. Со околу 350 илјади претплатници доминира на пазарот со околу 80 проценти. Цените се значително пониски од порано, но се` уште не се на нивото кое би го овозможила вистинската конкуренција. Нејзините придобивки се чуствуваат во мобилната телефонија. Цените се значително намалени поради што голем број граѓани се откажуваат од статичниот телефон и користат само мобилен. Пазарот на телекомуникации во Макеоднија е само делумно либерализиран. Со оваа оценка на Брисел се согласуваат и граѓаните и домашните експерти кои ги консултираше Дојче веле.

“Ние често кога како граѓани ја оценуваме состојбата, велиме има класичен монопол. Тоа е точно, меѓутоа услугите се далеку подобрени“, објасува за Дојче веле професорот Ванчо Узунов, своевремено член на директорксиот борд на Телеком.

Мобилната телефонија цути

Symbolfoto Telefonüberwachung
Фиксната телефонија се` поголем луксузФотографија: dpa - Report

Сосема поинаква е сликата во мобилната телефонија. Кога станува збор за оваа сфера, Македонија е своевиден рекордер. Земја со поголем број претплатници отколку жители. Според последните официјални податоци од Агенцијата за електронкси комуникации, мобилната телефонија брои 2.120 042 активни претплатници, што претставува ниво на пенетрација од 103 проценти. Во 2010 година остварен е пораст во бројот на претплатници од осум проценти, споредено со претходната година. На пазарот работат три мобилни оператори Т-мобајл, Оне и Вип, а услуги наскоро се очекува да понуди и четвртиот виртуелен оператор ВТИ Интернационал. Трите оператора се во постојана трка по корисници што ги спушта цените.

Вкупно пазарот на мобилна и фиксна телефонија, интернетот и преносот на податоци во Макеоднија тежи повеќе од 406 милиони евра. Експертите се согласни дека додека се` друго во Македонија стагнира или е во опаѓање, мобилната телефонија е бранша што во македонската економија има фантастичен напредок во последните десет години.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев