1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победи сопругата на претседателот

Готфрид Штајн29 октомври 2007

На претседателските избори во Аргентина победи досегашната прва леди на земјата, Кристина Кирхнер. Таа по пребројани 75% од гласовите, освоила над 43%, или двојно повеќе од второпласираната, Елиса Карио.

https://p.dw.com/p/Bxc8
Кристина Кирхнер, насмеана победничкаФотографија: AP

Кога Кристина Кирхнер, три часа по затворањето на изборните места, се качи на бината во хотелот “Интерамерикана“, кај нејзините приврзаници избија гласни восклици на славје. Таа во првите моменти апелираше на единство на населението: “Победивме со голема предност, можеби со најголемата предност што еден победник ја имал пред вториот од почетокот на демократијата досега. Но, тоа не не‘ става во привилегирана позиција, туку напротив, со тоа преземаме најголема одговорност и најголеми обврски поради довербата што ни‘ ја дадоа Аргентинците.“

Желба да се биде претседател на сите Аргентинци

По, на моменти жестоките судири со опозицијата, за време на изборната борба, каде стануваше збор за обвинувања за корупција и за наводни манипулации во определеувањето на стапката на инфлација, Кристина Кирхнер се обиде да се презентира како претседатл на сите Аргентинци. Во нејзиниот десетминутен говор, постојано прекинуван со бура аплауз, 54 годишната Кирхнер укажуваше постојано на успесите на нејзиниот сопруг, инаку сеуште актуелен претседател, Нестор Кирхнер, кој на 5 декември треба да си замине од функцијата: “Ви благодарам за поддршката за работата на еден човек, претседателот Кирхнер, кој со неговите исправни и погрешни решенија покажа дека е длабоко обврзан кон неговата земја, неговата татковина. Ви благодарам и добра ноќ, Аргентино, благодарам многу.“

Жените не се извалкани?

Кирхнер освои речиси двојно повеќе гласови од нејзината противкандидатка, Елиса Карио, од Централно-левичарскиот сојуз. 12-те други кандидати, мажи, следуваат далеку зад нив. Грасиела Ремер, социолог и истражувач на изборите, вели: “Имам впечаток дека тоа се должи на кризата на доверба во политичките партии. Жените, кои важат за личности кои се далеку од партиите, важат и за личности кои така да се рече не се извалкани од навиките на старата политика.“