1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ги напушта либералните вредности, велат аналитиларите

Михаел Книге
23 ноември 2016

Победата на Доналд Трамп е сигнал дека САД влегува во ера на напуштање на егалитистичките идеали, вели политички истражувач за ДВ. Првите избори во кабинетот на Трамп го потврдуваат тоа.

https://p.dw.com/p/2T1Vl
USA | Donald Trump
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

ДВ: Вие велите дека претседателските избори во САД, иако без преседан, на повеќе начини се враќаат во нормала т.е. се враќаат на расната политика. Зошто мислите така?

Тоа е шема низ американската историја која се повторува, прво со периоди на егалитистички придобивки по кои следат долги периоди на повлекување, односно напуштање на тие вредности. Причината за тоа е што Америка не е единствено посветена на егалитистичките идеали, туку секогаш има битка помеѓу демократијата, слободата, еднаквоста и идеите кои се спротивставуваат на вербата во хиерархиите дефинирани според полот, расата и религијата. По секој период на напредок во САД следува долг период на повлекување. Периодите на напредок се случуваа околу одредени војни, во кои имало силен надворешен притисок кон Америка да ги потенцира своите либерални вредности, како што се еднаквоста и слободата, што всушност ја притиснува земјата, низ неопходноста на војната да обезбеди поголем степен на слобода на претходно маргинилизираните групи.

USA Hamilton College Phil Klinkner
Фотографија: Nancy L. Ford Photography

Дали сметате дека САД сега влегува во период на назадување?

Да. Веќе пишувавме за овој феномен во нашата книга „Несигурниот марш: Подемот и падот на расната еднаквост во Америка“. Сега велиме дека победата на Трамп е последица на тоа. Тоа што јас и некои други истражувачи го откривме е дека политичката поделеност помеѓу демократите и републиканците се повеќе се врти околу ставовите на односите кон заедниците (расите), имиграцијата и економските поделби.

Вашето објаснување за тоа зошто победи Трамп, а не Клинтон не е поради економските проблеми, туку поради ставовите на луѓето кон другите раси и муслиманите. Дали можете да ни објасните зошто?

Тоа е базирано врз основа на анкета спроведена на почетокот на оваа година кога открив дека причините зошто луѓето би гласале за Трамп, а не за Клинтон се многу малку поврзани со економијата. Навистина, силните фактори беа прашањата за меѓурасните односи, муслиманите и мислењето на луѓето дали Обама е муслиман. Економските фактори, како што се нивото на доход или колку оптимистично или песимистично гледаат на економијата имаа многу мало влијание. 

Какво значење имаат вашите наоди за престојното претседателствување на Трамп?

Мислам дека ова веќе го гледаме според видот на луѓе кои ги назначува, како Стив Банон кој ќе биде негов втор асистент во Белата куќа или Џеф Сешнс, кој ќе биде шеф на министерството за правда или пак Мајкл Флин како можен советник за национална безбедност. Ова се луѓе со долга историја на контроверзни изјави за расите во Америка, религијата и за муслиманите. Мислам дека постои индикација дека се работи за серија од теми кои администрацијата на Трамп ќе ги повторува. Ова сигурно нема да придонесе за лекување на поделбите, туку напротив, ќе ги зголеми.

САД не е единствената држава која се соочува со десничарски популизам. Дали мислите дека трендовите во САД се применливи насекаде, на пример во Европа?

Апсолутно сте во право дека има пораст на национал-популистичките партии кои се противат на имиграцијата и кои имаат контроверзни позиции за расата, религијата и слични прашања. Не знам дали се работи за ист вид на фактори кои водат до пораст во секоја земја, но едно нешто знам дека црпат значителна поддршка и инспирација едни од други. Го имате случајот со Доналд Трамп кој дава поддршка за Брегзит, потоа Најџел Фараж кој доаѓа во САД на неговата кампања и исто така Трамп како кажува добри зборови за Марин ле Пен во Францја. Ова е контраст на посветеноста на западните земји кон западните либерални вредности која сите ја споделуваа пред четириесет или педесет години. Сега се оди во спротивен правец со десничарски популистичко-националистички партии низ Европа кои не само што се инспирираат и се охрабруваат едни со други, туку и активно меѓусебно се поддржуваат.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи