1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

220310 obama gesundheitsreform

22 март 2010

По повеќемесечни расправи и повеќечасовна завршна дебата во Претставничкиот дом, здравствената реформа на американскиот претседател Барак Обама доби 219 гласови, три повеќе од неопходниот минимум.

https://p.dw.com/p/MYuJ
Сепак мнозинство гласовиФотографија: AP / DW

Се’ е добро што добро ќе заврши и „Јес ви кен!“ - вакво резиме би можел да извлече американскиот претседател Барак Обама на крајот од гласањето во Претставничкиот дом на американскиот конгрес за неговиот предлог за здравствена реформа. Со тесно мнозинство доби виза најважниот внатрешно-политички проект на Обама. Тој ќе ги чини американските даночни обврзници околу 940 милијарди долари во наредните десет години, но ќе им обезбеди здравствена заштита на околу 32 милиона досега во тој поглед неосигурени луѓе.

Три гласа повеќе од неопходното

„Предлогот е прифатен“ - по повеќемесечни расправи и повеќечасовна завршна дебата во Претставничкиот дом здравствената реформа предложена од претседателот Барак Обама доби 219 гласови, три повеќе од неопходниот минимум. Републиканците, за кои ова е „најрадикалниот социјален зафат во модерното време“, здружено гласаа против. Обама, на чие лице се читаше големото олеснување, потоа се обрати избегнувајќи било каков триумфализам со кој би ги иритирал противниците на реформата:

„И покрај финансиската криза, ние не се откажавме од нашиот план, туку изнајдовме решенија за предизвиците. Ние не побегнавме од одговорноста, туку се соочивме со неа. Ние не се плашевме од нашата иднина, туку ја креиравме“.

Исходот од гласањето, како што рече Обама, „не е победа на партијата на било кого, туку на американскиот народ и на разумот“.

На решението му претходеше вжештена вербална престрелка меѓу демократите и републиканците. Исходот беше неизвесен. На крајот демократите успеаја да ги наговорат критичарите во сопствените редови да дадат согласност за реформата. Последната инстанца за здравствената реформа е Сенатот, кој исто така треба да се изјасни за пакетот на промени во предлогот за реформа.

Обама мораше да прави и отстапки

Со реформата е предвидено речиси секој граѓанин на САД да мора да склучи здравствено осигурување, во спротивно му се заканува повисоко оданочување. Поради силните отпори Обама мораше да се откаже од посакуваното државно здравствено осигурување. Граѓаните со ниски примања ќе добијат даночни олеснувања, за да можат да го платат здравственото осигурување. Осигурителните друштва, пак, веќе не смеат да одбијат да прифатат луѓе кои претходно боледувале од одредени болести. Реформата треба да биде финансирана, покрај другото, и од посебен данок за оние со подобри примања. Ова е една од причините поради кои реформата е спорна кај населението - земјата е идеолошки длабоко поделена околу ова прашање. За време на дебатата и гласањето пред Капитол повеќе илјади луѓе протестираа против законот. Обама има намера во наредните месеци на луѓето да им објасни зошто смета дека реформата е добра за нив, оти инаку може да плати висока цена на наредните избори за Конгресот во ноември годинава.

Mehrheit für Gesundheitsreform in den USA Flash-Galerie
Обама изрази задоволствоФотографија: AP

Обама победи, неговата победа несомнено е тешко заслужена и со историско значење, но не претставува голем триумф, каков што веројатно посакуваше. Поразот би имал тешки последици за претседателот.

Автор: ЗЈ/ БГ/ Силке Хорндаш / дпа/афп/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска