1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

210409 Israel Ahmadinedschad Reax

21 април 2009

Очекувано, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на конференцијата против расизмот во Женева настапи со тешки обвинувања кон Израел. Од Тел Авив дојдоа жестоки реакции.

https://p.dw.com/p/Hb9l
Израелскиот претседател Шимон ПересФотографија: AP

Реакциите на израелската влада на настапот на иранскиот претседател на Конференцијата против расизмот на ОН се единствени: Махмуд Ахмадинеџад е негатор на холокаустот, кој се залага за натамошни масакри врз Евреите, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на централната прослава по повод Денот на холокаустот во Ерусалим.

„Нема да дозволиме негаторите на холокаустот да извршат нов холокауст врз еврејскиот народ“, нагласи Нетанјаху, зборувајќи во светло на иранската нуклеарна програма и говорот на Ахмадинеџад.

Тоа е највисокиот приоритет на државата Израел и со тоа обврска на премиерот, додаде Нетанјаху. Тој особено им се заблагодари на земјите коишто се дистанцираа од конференцијата во Женева, како и на оние коишто за време на, како што рече „говорот полн со омраза“ ја напуштија салата.

Holocaust Israel Symbolbild Konzentrationslager mit Aufschrift Arbeit macht frei und Flagge Israel
Во холокаустот беа убиени над шест милиони ЕвреиФотографија: AP/DW

Потврда на одлуката на Израел за неучество на конференцијата

Израелскиот претседател Шимон Перес во говорот во спомен музејот на холокаустот „Јад Вашем“, го стави Ахмадинеџад во ист кош со Хитлер и Сталин. Тешко ми е да сфатам зошто големите диктатори својата омраза и насилство ги насочуваат кон Евреите, рече Перес. Нацизмот е победен, но антисемитизмот егзистира и натаму.

"Конференцијата, којашто се одржува во Женева, е исто што и прифаќање на расизмот. Главниот говорник на конференцијата, Ахмадинеџад, повика на уништување на Израел и го негираше масакрот. Тоа е срамно!“

Шимон Перес неколкупати повтори дека временското поклопување на денот на холокаусотот и настапот на Ахмадинеџад на конференцијата на ОН против расизмот е болно. Мора да има граници, дури и за неутрална земја како Швајцарија, рече Перес. Израелското раководство нагласува дека со ова само се потврдила исправноста на одлуката да не присуствува на конференцијата во Женева.

На еден човек како иранскиот претседател, којшто го негира холокаустот, не смее да му се дава легитимитет, а средби со Ахмадинеџад се целосно неприфатливи, изјави и лидерката на опозицијата, Ципи Ливни.

Автор: Клеменс Ференкоте / Невена Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска