1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ПДП повика на дијалог

Свето Тоевески10 ноември 2006

Албанските партии во Македонија ДУИ и ДПА ги продлабочија своите конфронтации кои завчера доведоа и до пукотници меѓу нивните активисти во Гостивар. И додека двете партии меѓусебно се обвинуваат ПДП повика на дијалог.

https://p.dw.com/p/AdbA

Тензиите меѓу опозиционата Демократска унија за интеграција и владината Демократска партија на Албанците, зголемени се уште повеќе по завчерашниот вооружен инцидент во Гостивар, каде активисти на двете партии во една бркотница со автомобили низ градот, пукаа. Кој, кон кого и зошто МВР сеуште официјално не соопштува. ДУИ на денешната прес конференција во Гостивар обвини: Тоа беше обиде за убиство на нејзниот член Рахим Урда. Талад Џафери во името на централното претседателство на интегратвиците на адреса на ДПА го испорача и ова обвинување:

„Се работи за еден невиден политички реваншизам. Бркање од работа на членови на ДУИ и ставање во функција на мрачните антиалбански служби со посебан нагласка против поранешните припадници на ОНА.“

Партијата на Арбен Џафери ги отфрла тврдењата дека таа го предизвикала инцидентот во Гостивар. Портпаролот на ДПА Џелил Бајрами за Дојче Веле истапи со контра обвинување ДУИ е таа која изминатите четири години го користеше реваншизмот како:

„ Заканувачка алатка врз Албанците само да стигнат до нејзините групни и партиски тесни интереси. Демократската партија на Албанците е политичка партија која никогаш нема да го употребува, нити неправи реваншизам. ДУИ делува деструктивно и кога сакаат тие ги активираат бандите за да го нарушат јавниот мир на граѓаните.“

На фонот на овие зголемени тензии меѓу позицијата и опозицијата во албанскиот политички табор денеска се огласи и опозициониот партнер на Али Ахмети, Партијата за демократски просперитет. Таа упати повик за смирување на вжештените политички страсти меѓу двете ривалски партии на Албанците во Македонија. Портпаролот на ПДП Сафет Незири истакна

„ Затоа ПДП смета дека со дијалог во внатрепартиските политички субјекти на Албанците од една страна како и воспоставувањето дијалог и со другите политички субјекти од позицјата и опозицијата, а особенно кога се во прашање националните интереси на Албанците е услов без кој не се може за демократска судбина на Македонија и интеграција во семејството на демократска Европа.“

ПДП го изнесе ставот дека зголемеите разлики меѓу ДПА и ДУИ кои веќе се претвораат во антагонизам не само што и наштетуваат на евро – перспективата на Македонија туку се повеќе и на преговарачкиот процес за статусот на Косово. Како и да е јазот меѓу интегративците и ДПА се повеќе се продлапочува. ДПА засега останува воздржана околу инсистирањата на повеќе политички партии во земјата, двете партии конечно да седнат на заедничка маса и низ дијалог да ги надминат или барем да ги намалат недоразбирањата и сериозните конфронации меѓу себе.