Паѓаат ѕвезди
Сѐ на овој свет е минливо, па така и ѕвездите имаат ограничен живот. Она што се случува кога ѕвездите умираат, е небесен спектакл со неописива убавина.
Секоја година во август
Секоја година во август, астрономи, љубители на ѕвезди и „ноќни птици“ го вперуваат погледот кон небото. Тоа е време кога паѓаат ѕвездите., кога на небото прелетуваат Персеиди. Тој метеорски рој „произведува“ најмногу комети токму на 12 август.
Зошто толкава возбуда?
Но, чуму толкава возбуда доколку нешто слично се случува секоја година? Работата е во тоа што годинава имаше одлични временски услови за следење на спектаклот на небото.
Замисли желба...
Врвот на годинешниот небесен спектакл се случи во четвртокот наутро, меѓу 2 и 4 часот. Но, и било која друг ноќ оваа недела може да биде „ваша“. Само замислете си желба!
Млада Месечина
Не само што е времето убаво, без облаци- туку и Месечината се накриви на вистинската страна. Сега е млада Месечина, па небото ќе биде мрачно, а ѕвездите убаво видливи.
Персеиди
Овој летен дожд од метеорити потекнува од созвездието Персеј кое пак е остаток од кометата 109П. Секој 12 август, Земјата се вкрстува со тие остатоци од кометите во вселената. Во Средниот век ги нарекувале „Солзи на светиот Лаврентиј“, затоа што тој светец бил измачуван на 10 август 258 година.
Феномен
Откако Земјата ќе се најде во таа „прашина“, честичките- понекогаш и со големина на игла влегуваат во атмосферата со брзина од 60 километри на час. Тука достигнуваат температура од 3.000 степени Целзиусови и почнуваат да светат. Така се раѓаат ѕвездите паѓалки.
Неколку ноќи во август
Доколку сакате и сте во можност, најдобро е некоја од овие ноќи да ги поминете вака...