1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паѓаат рекорди на атлетскиот митинг во Париз

9 јули 2011

На атлетскиот митинг од Дијамантската лига, кој синоќа се одржа во Париз, беа поставени четири најдобри резултати во сезоната, сите во женска конкуренција.

https://p.dw.com/p/11s4h
Фотографија: AP

Германката Кристина Обергфол победи во дисциплината фрлање копје, со резултат 68,01 метар. Кубанката Јаргелис Савињ беше најдобра во трискок, со прескокнати 14,99 метри. Атлетичарката од Чешка, Зузана Хејнова победи на трката на 400 метри со пречки со резултата 53,29 секунди, додека Месерет Дефар од Етиопија истрча најдобри време сезонава на 5.000 метри, 14:29,52 минути.

Кај мажите победа и тоа без поголеми проблеми забележа најбрзиот човек на светот, Усеин Болт. Јамајканецот победи на трката на 200 метри со резултат 20,03 секунди.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска