Патување со симболична моќ
11 јули 2009Илјадници луѓе го дочекаа американскиот претседател на аеродромот во главниот град на Гана, Акра. Барак Обама е посебен гостин и луѓето на Гана се гордеат.
„ Црнец е претседател на САД, Тоа е како остварување на еден сон“
„ Веројатно ние нема директно да профитираме од тоа, но порано или подоцна тоа ќе води кон нешто, што ќе биде голем успех“, велат задоволните граѓани на Гана.
Ова е прво патување на Обама во Африка како претседател на САД. Неговиот татко е од Кенија, но тој сосема свесно се одличи за Гана, зашто земјата има функционирачка демократија и претседател кој искрено се бори против корупцијата.
Во Гана веќе со недели владее Обама-треска
И токму на почетокот на престојот во Гана Обама разговараше со колегата по функција, Џон Ата Милс. По оваа средба тој порача дека Африка нема да биде оставена настрана од светските случувања. Исто така Обама порача дека Гана може да биде извонреден успешен модел за демократски поредок, за останатите земји од Африка. Американскиот претседател притоа укажа и на економскиот успех кој го бележи Гана.
Тој денеска треба да има и обраќање во парламентот на Гана, во кое треба да ја образложи новата американска политика кон Африка. Неговиот говор се очекува со нетрпение не само во Акра туку и во останатите престолнини на африканските земји.
Автор: СН/ГЧ/дв/рт
Редактор: Горан Чутаноски