1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патување во Србија само со лични карти?

18 септември 2010

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ престојува во посета на Македонија. Се очекува тој на својата македонска колешка Јанкуловска да и предложи преминување на меѓусебната граница само со лични карти.

https://p.dw.com/p/PFSJ
Српскиот вицепремиер Ивица ДачиќФотографија: MUPRS

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ е во посета македонското МВР.

На средбата меѓу македонскиот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот колега Дачиќ ќе биде потпишан билатералниот договор за локален граничен сообраќај.

Дачиќ ќе го посети и Куманово

Gordana Jankulovska, Innenministerin Mazedonien
Македонската министерка за внатрешни работи Гордана ЈанкуловскаФотографија: Petar Stojanovski

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на денешната официјална посета на Македонија, ќе и предложи на министерката Гордана Јанкулоска, македонските и српските граѓани да не патуваат со пасоши, туку само со лична карта.

Исто така, предвидено е српскиот министер да го посети и МАРРИ Регионалниот центар во Скопје.

На негова желба Дачиќ денеска треба да го посети и Куманово

Автор: СН/БГ/бета/макфакс

Редактор: Симе Недевски