Патнички авион се урна во Мали
24 јули 2014Командантот на мисијата на ОН за стабилизација на Мали, генерал Коко Есиен, соопшти дека авионот се урнал во централниот дел на Мали, со што ги демантираше претходните информации дека трагедијата се случила во Нигер.
Претставник на малиските воздухопловни власти меѓутоа посочи дека во моментов „не може да се зборува за несреќа, туку само за исчезнување на авионот од радарите“. Министерот за транспорт на Буркина Фасо, Жан Бертен Ведраго, изјави дека авионот во 01:38 часот по Гринич побарал промена на курсот поради бура во регионот. Врската со авионот била загубена во 01:55 часот по Гринич, околу 50 минути по неговото полетување.
Се претпоставува дека падот на авионот не го преживеал ниту еден од 116-те патници или членови на екипажот. Леталото било сопственост на шпанската компанија „Свифтер“, но било земено под наем од страна на алжирската компанија „Ер Алжир“. „Свифтер“ информира дека шестмината членови на екипажот на авионот биле државјани на Шпанија.
Според алжирското радио, меѓу патниците во авионот, 51 биле Французи, а 26 од Буркина Фасo. Меѓу жртвите има и државјани на Алжир, Канада, Украина и Луксембург. Шестмината членови на екипажот на авионот биле Шпанци.