1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во Албанија

3 јули 2005

Околу 2,8 милиони гласачи со право на глас денеска во Албанија се повикани да изберат нов парламент. Ова се петти парламентарни избори по пресвртот од пред 15 години, а во последниве осум години Социјалистичката партија на премиерот Фатос Нано ја одредува судбината на земјата. Демократската партија на поранешниот претседател Сали Бериша, сега повторно се обидува да дојде на власт.

https://p.dw.com/p/AcEJ
Избори во Албанија
Избори во АлбанијаФотографија: AP

За 140 места во албанскиот парламент се кандидираат околу 30 партии. Значајна улога играат двете големи партии и нивните водечки кандидати: Владеачката Социјалистичка партија на Фатос Нано и во моментов опозиционата Демократска партија на Сали Бериша. Според последните анкети демократите може да сметаат на околу 40 проценти од гласовите, додека социјалистите со 34 насто гласови.

Интересно на овие избори е да се види која улога ќе ја играат двете ново основани партии: „Социјалистилчкото интеграционо движење“ е отсечена од социјалистичката партија и е под водство на екс премиерот Илир Мета. Анкетите велат дека оваа партија би добила околу 10 проценти гласови.

Основана е уште една партија „ Движење за национален развој“ на Лека Зогу, син на поранешниот албански крал Зогу први. Оваа партија може да смета на околу 4 проценти гласови.

Но поединечните партии да се означат со поимите „ левица“ или „десница“ речиси и да не е можно вели албанскиот публицист Фатос Лубонја:

„Целиот политички спектар на Албанија се наоѓа во криза. Тешко е да се каже која партија, кој општествен слој го репрезентира и кој слој најблиску стои до која партија. Според анкетите на пример Социјалистичката партија најчесто ја бираат богатите. Демократската партија наспроти ова своите избирачи ги има со пониските социјални кругови. “

Со демократскиот водач на опозицијата Сали Бериша се поврзува кризата од 1997 година, кога едно протесно движење го собори од претседателската функција. Сега Бериша се обидува да ја отсрани сенката на минатото, притоа укажувајќи на недостатоците на реформите на сегашната влада неговото мото е: „Време за промени“

“Ние сме алтернативата во однос на борба против корупцијата. Нудиме алтернатива за подобра финансиска политика. Ние сме алтернатива за евро – атланската интеграција на земјата.“ истакна Бериша

Социјалистите ја означија изборната трка како „Глас на иднината“. Премиерот Фатос Нано постојано потсеќа на сосотјобите од 1997 година и се залага за трет мандат за неговата партија.

„Ќе продолжиме со работата на обнова на Албанија. Сакаме благосотојба и изградба на институции. Останете ни верни за да ја одбраните иднината на своите деца“ порача Нано

Нано и Бериша речиси една и пол деценија владеат со внатреполитичката бина на Албанија. Од оваа ситуација двете нови партии на Илир Мета и Лека Зогу се обидуваат да извлечат политички капитал.