1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

080709 Energie Bußgeld

11 јули 2009

Најголемиот германски енергетски концерн „Е.ОН“ и францускиот концерн „Газ де Франс Суец“ мораат да ја платат втората по големина казна за нарушување на пазарната конкуренција во историјата на ЕУ.

https://p.dw.com/p/Ik6t

Еврокомисијата ги осуди двата водечки дистрибутери на електрична енергија, германски „Е.ОН и францускиот концерн „Газ де Франс Суец“, да платат вкупно една милијарда и 106 милиони евра, зашто повеќе од 30 години ги принудувале потрошувачите да плаќаат превисоки цени.

Еврокомесарката за заштита на пазарната конкуренција Нели Кроес не ги остава на мира енергетските концерни. 67-годишната „железна дама“ настапува против поранешните монополи со сите средства што и стојат на располагање. Сепак најефикасно нејзино оружје се милионските парични казни.

EU-Kartellstrafe gegen die Energiekonzerne E.ON und GdF Suez
Фотографија: AP

Компаниите „Е.ОН и „Газ де Франс“ сега мораат да платата секоја по 533 милиони евра затоа што склучиле противзаконски дговор за време на градењето на еден гасовод во средината не седумдесетите години: „Ова е првпат, да одредуваме казна за кршење на пазарната конкуренција во енергетскиот сектор“, изјави Кроес. Тоа е јасно предупредување до концерните дека Брисел повеќе нема да ги толерира нарушувањата на пазарната конкуренција.

Гасоводот „Мегал“, преку кој природен гас од Русија се транспортира во јужна Германија и во Франција беше пуштен во употреба на почетокот на осумдесетите години. Гасоводната мрежа беше изградена од германската компанија „Рургас“ која денеска е сестринска компанија на „Е.ОН“ како и од тогаш државното француско претпријатие „Газ де Франс“. Брисел смета дека е докажано оти двете претпријатија на почетокот на градбата се договориле да не си прават конкуренција на нивните домашни пазари. Поделбата на пазарот во Брисел важи за едно од најтешките прекршувања на правато за слободна конкуренција. За тоа говори висината на казната како и фактот дека потрошувачите со децении страдале поради договорот на двете компании: „Поради нивната спогодба, двете претпријатија ја направиле невозможна секоја ценовна борба. Потрошувачите биле експлоатирани и тоа од фирми кои биле во многу привилегирана ситуација и работеле високо профитабилно“, истакна еврокомесарката Кроес.

Автор: Петер Хајбрунер / Симе Недевски

Редактор: Алекасндра Трајковска