1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парада со бродови во чест на кралицата Елизабета Втора

АТ/ ард/ дв/ миа3 јуни 2012

Илјада бродови од разна големина учествуваат во кралската поворка по Темза, што се оддржува во чест на дијаманскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Свеченостите по повод 60 годишниот јубилеј траат четири денови.

https://p.dw.com/p/157Fc
Фотографија: dapd

Стотици илјади Британци присуствуваат на парадата во Лондон во чест на дијаматскиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора. На прадата учествуваат повеќе од 1.000 бродови. Поворката имено е своевидна колекција на разни бродови и пловила од различни генерации и периоди, што првпат се наоѓаат во една ваква парада. Најстариот брод во поворката е изграден уште во 1740 година, а најголемиот е долг 65 метри. Илјадници луѓе на двата брега на Темза ја следат парадата.

Денешната парада е кулминација на свеченостите по повод 60 годишнот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Кралската поворка е главниот настан во Лондон и во цела Велика Британија, што се одржува во рамките на четиридневните свечености, посветени на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

England Thronjubiläum Queen Elizabeth
Кралицата Елизабета ВтораФотографија: picture alliance/ZUMA Press

Прославата започна вчера со традиционалната посета на кралицата на коњички трки во Ипсом на југот на Англија. Свечености се предвидени и за утре и во вторник. Во понеделиник ќе бидат запалени 4.000 факели во Обединетото крлство и земјите на Комонвелтот, а вечерта ќе се оддржи попконцерт пред Бакингамшката палата со ѕвезди како Пол Макартни и Роби Вилијамс. Во вторник кралицата ќе посети богослужба и со кочија ќе се вози низ Лондон.

Кралицата Елизабета, која денес има 86 години, по смртта на татко и, стана кралица на 6. февруари 1952 година. Во историјата на британската монархија постои само една кралица која подолго владеела од неа, прапрабабата на Елизабета Втора, кралицата Викторија.