Папа – Бразил
14 мај 2007Реклама
Папата Бенедикт 16-ти на крајот на неговата посета на Бразил ја отвори латино-американската бискупска конференција во Апаресида. Во говорот пред 270 кардинали, бискупи и делегати, папата им даде централно значење на прашањата на социјална праведност и ја повика црквата да се ангажира за сиромашните и запоставените. Без да именува конкретни држави, папата изрази загриженост поради опстојувањето на авторитарните режими во Латинска Америка. Ова беше прва посета на папата Бенедикт 16-ти на Бразил. Тој одржа две богослужби на кои присуствуваа стотици илјади верници.