1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата напролет ќе ја посети Македонија

СН/ агенции
13 декември 2018

Папата Франциско ќе допатува во посета на Македонија на 7. мај 2019 година, потврди денеска владата во Скопје.

https://p.dw.com/p/3A1yJ
Vatikanstadt - Messe zur Heiligsprechung im Vatikan von Paul VI und Oscar Romero | Papst Franziskus
Фотографија: Reuters/A. Bianchi

Како што беше соопштено денеска од страна на македонската влада, поглаварот на Римокатоличката црква ја прифатил поканата на највисоките власти во државата и на Римокатоличката црква во Македонија да ја посети земјата.

Посетата на Папата Франциско ќе биде остварена на 7. мај наредната година. „На апостолското патување во Македонија, папата Франциско ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза“, прецизираше владата, напоменувајќи дека програмата на посетата ќе биде дополнително објавена.

Во Македонија папата ќе дојде од Бугарија, каде ќе престојува од 5. до 7. мај и ќе ги посети градовите Софија и Раковски.