1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата апелираше за помош за гладните во источна Африка

31 јули 2011

Папата Бенетикт Шеснаесетти ја повика меѓународната заедница да им помогне на гладните на Рогот на Африка. „Луѓето не смеат рамнодушно да ја набљудуваат трагедијата“, порача папата.

https://p.dw.com/p/1274O
Папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: AP

Поглаварот на Римокатоличката Црква, Папата Бенедикт Шеснаесетти упати апел до светската заедница да им помогне на милионите прегладнети луѓе на истокот на Африка. Кризата со глад на Рогот на Африка е дополнително влошена поради војната и остсуството на институции во регионот, порача папата во неговата летна резиденција Кастел Гандолфо кај Рим.

Поради сушата која се’ уште трае во овој регион, според проценките на Обединетите Нации преку 12 милиони луѓе се загрозени од глад. Светската организација смета дека десетици илјади луѓе веќе починале како последица на прегладнетост во изминатите недели. Погодени од сушата и гласот се источноафриканските држави Етиопија, Сомалија, Џибути, Уганда и Судан.

Автор:СН/АТ/да

Редактор: Александра Трајковска