1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пападимос му предложи на Груевски средба во март

16 февруари 2012

Премиерот на Грција Лукас Пападимос по речиси три месеци одговори на предлогот на македонскиот премир Никола Груевски за тет-а-тет средба. Според предлогот на Пападимос средбата би требало да се одржи во март.

https://p.dw.com/p/143vk
Фотографија: dapd

Грчкиот премиер Лукас Пападимос испрати одговор на писмото што до него го испрати македонскиот колега Никола Груевски, во кој прифаќа средба за која предлага да се оддржи во првата половина на март.

Според предлогот на Пападимос средбата со Груевски треба да се случи на маргините на следниот Совет на ЕУ, кој ќе се случи во првата половина на март. Понатаму во текстот Пападимос изрази надеж за подобрување на односите меѓу двете земји, а во врска со проблемот со името, нагласува дека позицијата на Грција останува иста, односно прашањето да се решава во Обединетите нации.

„Ве охрабрувам да работите конструктивно за постигнување на таа цел“, наведува грчкиот премиер.

Претстојната посета на посредникот на ОН Метју Нимиц на Скопје и на Атина, според него, треба да придонесе за напредок кон постигнување решение, за што е неопходна политичка волја и од двете страни.

Mazedonische VIze-Ministerpräsidentin Teuta Arifi mit dem griechischen Kollegen Theodors Pangalos
Вицепремиерката Теута Арифи на средбата со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос го достави писмото за премиерот ПападимосФотографија: Makfax

Грција, пишува Пападимос, се залага за долгорочна политика на мир и стабилност во регионот и за интеграција на сите земји од Западен Балкан во евроатланските структури, како и за промоција на добрососедските односи, како основа за постигнување на таа цел.

Атина ќе продолжи да ја промовира и „Агендата 2014“, особено за време на претстојното нејзино претседавање со ЕУ, вели Пападимос во одговорот на писмото од Груевски, што минатиот месец во Атина го достави вицепремиерката Теута Арифи на средбата со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос.

Автор: СН/ БГ/ миа/ мф

Редактор: Александра Трајковска