„Панкот не е мртов“ награден од публиката во Софија
18 март 2012Реклама
Mакедонскиот филм „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски ја освои наградата од публика на 16-иот Меѓународен филмски фестивал во Софија.
Филмот беше прикажан во Балканската конкуренција. На фестивалот во Софија, којшто завршува вечерва, беа прикажани 260 филмови од 52 држави.
Ова е десетта награда на „Панкот не мртов“. Минатата недела тој беше награден и на меѓународниот фестивал „Синема мунди“ во Карлови Вари, Чешка.
На Владимир Блажевски ова му е трет игран филм, по „Хај Фај“ во 1987 и „Булевар на револуцијата“ во 1992.
Автор:СН/АМ/миа/макфакс
Редактор: Александар Методијев