1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Панкерите без пирсинг и без коса в езеро на чистење!

17 декември 2011

Полицијата во Индонезија презема се’ подрастични мерки против културата на младите: 65 панкери подлежат на „мерки на превоспитување“, затоа што, како што вели полицијата скршнале од вистинскиот муслимански пат.

https://p.dw.com/p/13UKI
Панкот како животен стил го има секаде во светотФотографија: picture-alliance/dpa

60 момчиња и пет девојки изминатиот викенд учествуваа на хуманитарен панк-рок концерт, кој се одржа во конзервативната муслиманска провинција Банда Аче во Индонезија. Целта на концертот беше да се соберат пари за деца сираци. Меѓутоа полицијата, употребувајќи гумени палки, ги уапси посетителите на концертот поради можно прекршување на шеријатските правила. Со полициски транспортери уапсените потоа беа превезени во затвор на околу 60 километри од главниот град на провинцијата Банда Аче. На младите им беше избричена косата и им биле отстранети пирсинзите. Тие морале да ја соблечат својата облека, како на пример маици со натпис „Анархија“ и да се „исчистат“, бањајќи се во едно езеро. Тие потоа добиле нова облека и морале да учествуваат на молитва.

Полицијата презема воспитни мерки - активистите се жалат на повреда на човековите права

Младите треба да бидат одвратени од „застранетото однесување“ изјави Искандер Хасан, шеф на полицијата во провинцијата на север на островот Суматра. „Неоходно е да се преземат строги воспитни мерки. Народот смета дека нивното однесување е настрано и ние сакаме да го подобриме нивниот животен стил“, дополни Хасан. Шефот на полицијата најави дека младите најмалку десет дена ќе мора да земат учество на настава по воена дисциплина и религија. Планирани се и читања од коранот. Потоа младите ќе бидат вратени кај нивните родители.

„Се надеваме дека ќе се покајат“ истакна заменик градоначалникот на Банда Аче Илиза Саадудин Џамал.

Ausstellung Übergangsgesellschaft. Porträts und Szenen 1980-1990
Панкот како животен стилФотографија: Transit

Еден од панкерите изјави дека полицијата немала никаква причина да ги уапси. „Ние ништо не украдовме“, изјави 20 годишниот Фаузал. Локалниот активист Еви Нарти Заин изјави дека со апсењето им биле повредени човековите права на младите. Да се биде панкер е животен стил, кој е распространет насекаде во светот. Шефот на полицијата меѓутоа ги отфрла обвинувањата. Индонезија е слободна земја, но постојат граници, смета тој.

Државата и родителите против стилот на младите

Младите во Индонезија не првпат се судираат со водечките елити поради нивниот стил на облекување и иразување на незадоволство со конзервативното општество. Уште во времето на Сухарто, панк бендотот „Blackboots“ на сопствена кожа ја почувствува власта. На еден концерт на овој бенд, воената полиција претепа четворица членови на бендот на бината, поради тоа што не им се допаѓале нивните критички текстови.

Karte Indonesien (englisch)
Индонезија

Меѓутоа и по крајот на воената диктатура, младите луѓе, кои не одговараат во сликата на владејачката елита имаат потешкотии во општеството. Концертите на некои бендови, на пример хард кор бендот „Teknoshit“ и по падот на Сухарто постојано се одржуваа под бомбашки закани на ултра-конзервативните групи, со исламистичка или националистичка идеолиогија.

Освен ова многумина млади не ја добиваат поддршката ниту од своите родители. Имено, тие се израснати во времето на Сухарто, а тогаш тетоважите и долгите коси беа знак на препознавање на криминалците и опозиционерите. Затоа генерацијата на родителите тешко излегува на крај со модата на своите деца.

Акцијата од изминатиот викенд во провинцијата Банда Аче е нов обид на властите, да ги спроведат строгите морални вредности во регионот. Провинцијата Банда Аче во секуларната и муслиманска Индонезија е единствената која воведе исламски закони. Тука брачното неверство се казнува со каменување, хомосексуалците се затвораат или јавно се камшикуваат, а алкохолот е забранет исто како и бакнувањето во јавност.

Автор: АТ/ ЖА/ард/ дв/ афп

Редактор: Ж.Ацеска