1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пандев со Наполи го пречекува Челзи

21 февруари 2012

Вечерва и утре ќе се одиграат преостанатите четири натпревари од осминафиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.

https://p.dw.com/p/146O6
Фотографија: dapd

Денешната програма ќе биде отворена во Москва со дуелот меѓу ЦСКА и Реал, а дербито се игра во Неапол меѓу Наполи и Челзи. Утревечер на програмата се дуелите Олимпик Марсеј-Интер и Базел-Бајерн Минхен.

Англискиот преставник Челзи, го очекува тешка задача во Неапол, против екипата чиј дрес го носи Горан Пандев. Челзи има криза во играта и резултатите, во последниот првенствен натпревар „сините“ загубија од Евертон, а во ФА купот како домаќини одиграа само 1:1 со второлигашот Бирмингем.

Наполи, од друга страна, е во подем на својата форма, тимот во натпреварот влегува по големата победа во Фиренца, над Фиорентина во Серија А. Наполи на овој меч ќе биде без тренерот Валтер Мацари, кој е суспендиран на три натпревари. Горан Пандев не е најавен во стартниот состав, со оглед на формата во која се наоѓаат Кавани, Лавеци и Хамшик, капитенот на македонската репрезентација својата шанса ќе ја чека од клупата за резерви.

Наполи оваа сезона во Лигата на шампиони има позитивно искуство со екипа од Премиер лигата, во фазата по групи, наполитанците, против Манчестер Сити забележаа победа на домашен терен, а одиграа нерешено како гости. Реал Мадрид ќе гостува во Русија, кај ЦСКА Москва, екипа која е далеку од натпреварувачки ритам. Фудбалерите на „кралскиот клуб“ се големи фаворити во двомечот со „армејците“.

Автор: БГ/ макфакс

Редактор: А. Трајковска