1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинци - нова влада

18 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMn

Денеска почнува работата новата палестинска влада на национално единство под водство на стариот -нов премиер Исмаил Ханија од Хамас. Американската влада во првата реакција на најавената владина политика манифестираше „разочарување„. Портпарол на Стејт департментот порача дека позицијата на владата на национално единство е неспоива со меѓународниот мировен план за Блискиот исток. Германското претседателство со ЕУ ја поздрави инаугурацијата на новата влада, но нагласи дека помошта од европските фондови останува ограничена се‘ додека новата влада не усвои платформа за работа што ќе биде соодветна на принципите на Блиско источниот квартет.