1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинци влада на национално единство

17 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNI

Премиерот на Палестинците Исмаил Ханија и неговата влада на национално единство имаат намера да ги почитуваат досега склучените меѓународни договори за Блискиот исток. Тој сепак нагласи дека клуч за мир и стабилност се окончување на израелската окупација и правото на Палестинците на самоопределување – порача Ханија пред пратениците на палестинскиот парламент, Неговата влада останува на ствот дека Палестинците имаат право на самоодбрана и отпор. Ханија уште во текот на денот ќе го поднесе новиот владин кабинет за гласање доверба. Претседателот на Палестинците Махмуд Абас, пак, на заседанието на парламентот побара укинување на меѓународниот финансиски бојкот на палестинските автономни власти.