1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците треба да се срамат

15 јуни 2007

Со оглед на ескалирањето на насилството на Блискиот исток, министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска се среќаваат на вонредно заседание во Каиро.

https://p.dw.com/p/Ax2j
Колку ќе трае еуфоријата на Хамас?Фотографија: AP

Надрегионалниот арапски весник „Ашарк ал Авсат„ во денешното издание појасот Газа го опиша како „Газастан„. Други весници објавуваат наслови како „Хамас владеe во Газа„. Со оглед на драматичната ситуација, арапските земји користат невообичаено остри зборови: ако завојуваните палестински фракции не ги запрат борбите, Арапската лига ќе ги замрзне парите за помош, беше речено пред почетокот на денешната вонредна седница. Генреланиот секеретар на Арапската лига Амр Муса побара единство од името на сите Арапи:

„Ако сакаме постабилна ситуација, тогаш треба да имаме на ум дека повеќето луѓе таму живеат под окупација. Тоа мора сериозно да се сфати, тие живеат под ненормални околности. Палестинците не смеат тоа да го заборават. Ние сме им многу лути за она што си го направија, како и за нивната цел„.

Египетскиот посредник во Газа, полковникот Хамад, пак, изјави: „Палестинците треба да се срамат„. Инаку, Египет страхува, конфликтот од Газа да не се прошири и преку границите кон Синај. Според мировниот договор со Израел, пустинскиот регион е прогласен за демилитаризирана зона. Од тие причини, Египет на границата испрати засилени полициски единици кои трагаат по тунели и со оклопни возила треба да спречат масовно бегство на Палестинците од Газа. Освен тоа, на границата се сместени и 150 припадници на претседателската гарда на Махмуд Абас. Исто толку припадници на Фатах успеаја да избегаат во египетскиот дел на градот Рафах.

И Јордан, кој како и Египет, го поддржува претседателот Абас, страхува меѓупалестинскиот конфликт од западниот брег да не се прошири во внатрешноста на земјата. Скоро половината од јорданското население се Палестинци.

Од палестинска страна, на средбата во Каиро учествува вонпартискиот министер за надворешни работи Зијад Абу Амр. Тој во изминатите денови бараше да се совладаат причините за борбите, односно одмрзнување на финансиската помош за Палестинците. Меѓутоа, со преземањето на власта од страна на Хамас, и во блокадата на Запад во наредниот период нема ништо да се промени. Ако и арапската страна ги оствари заканите и ги замрзне парите, Палестинците ќе останат без помош се додека не се смират.