1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците се враќат во појасот на Газа

30 јули 2007

Илјадници Палестинци, претежно приврзаници на Фатах избегаа од појасот на Газа, кога Хамас таму ја презема контролата. Сега првите од нив преку Израел се враќаат назад - не е исклучено тоа да е по желба на Вашингтон.

https://p.dw.com/p/BNR7
Со автобуси Палестинците се враќаат од Египет во појасот на ГазаФотографија: picture alliance / dpa

Повеќе од сто Палестинци кои со недели беа на египетската граница вчера преку Израел се вратија во појасот на Газа. Тие отаму се повлекоа откако Хамас ја презема контролата.

Основа за враќањето на Палестинците е договорот меѓу Израел, Египет и претседателот на Палестинците Абас. Израелскиот министер за внатрешни работи Шетрит вакаа го бранеше договореното „Мислам дека тоа е правилна одлука. Палестинците кои побегнаа од Газа повеќето беа приврзаници на Фатах. Бидејќи ситуацијта во Газа се смири, правилно е тие да се вратат. Се недавам дека преку овој чин ќе стане уште помирно во Газа. “

Со израелски автобуси околу стотина Палестинци мажи, жени и деца беа земени од Египет и преку израелска територија треба да се вратат во Газа бидејќи директниот премин Рахфах е затворен.

Спроед Палестински извори во наредниве денови во Појасот на Газа треба да се вратат 600 Палестинци. На египетска страна со недели се ноѓаат околу 5.000 луѓе. Се слушаат гласини дека таму се шират болести, е веќе има и мртви. Недостасуваат пари и прехрамбени производи, а тие не смеат слободно да се движат низ Египет и биле принидени да останат на граничниот премин Рафах. Сега се упатени на помошта од Црвениот крст и другите хуманитатни организации.

Граничнотот прашање во Газа по повлекувањето на израелските доселеници од пред две години не е решено. Постои договор постигант со американско посредство, но него Израел никогаш не го спорвел. Тоа што првите Палестинци токму сега се враќаат назад е најверојатно и знак до американската влада. Министерката за надворешни работи Рајс и министерот за одбрана Гејтс оваа недела патуваат во Египет, Саудиска Арабија и Израел. Тие треба да испитаат какви можности за преговори постојат за блиско источната конференција која претседателот Буш ја најави за наесен.