1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците бараат директна финансиска помош од ЕУ

11 април 2007
https://p.dw.com/p/AgF0

Палестинскиот министер за финансии Салам фајед ја повика Европската Унија , повторно да започне директно да и доставува финансиска помош на палестинската Влада. За тековнава фодина , ќе биде потребна финансиска помош од околу една милијарда евра- истакна фајад по средбата во Брисел со еврокомесарката за надворешни работи Бенита Фереро Валднер. Без парична помош од надвор не може да се задоволат неопходните потреби на населението во во Западен Јордан и во појасот на Газа . Бенита Фереро Валднер уште еднаш потенцираше дека услов за повторно уплаќање на финансиска помош , е палестинската влада да го признае правото на постоење на Израел.