1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан се „дави“

16 септември 2011

Една година по поплавата на векот, Пакистан е повторно соочен со природна катастрофа. Време на монсунски дождови е, а во поплавите што ги предизвикаа тие, досега загинаа над 220 лица.

https://p.dw.com/p/12ZVU
Фотографија: dapd

Во некои места под вода се цели села. Се гледаат само остатоци од куќите. Поплавите уништија повеќе од 1,2 милиони објекти, животот го загубија најмалку 220 луѓе. Оние што преживеаја се во бегство пред водата, во непозната насока.

Некој успеал да си ги спаси барем козите, други немаат воопшто ништо. Еден од они на кои што не им останало ништо вели:

Pakistan Flut
Луѓето по неколку дена нема што да јадатФотографија: dapd

„Куќите и полињата ни‘ се уништени“, вели тој, раскажувајќи дека сака да оди во некој од повисоките региони, затоа што неговото семејство е таму посигурно.

Голем број луѓе во прифатни центри чекаат на помош од владата. Недостига се‘ - храна, лекови, вода. Една жена раскажува:

„Водата е многу нечиста, немаме што да јадеме. Понекогаш не јадеме по два-три дена. Нема ниту дрва за да се зготви нешто.“

И како тоа да не доволно, Пакистан сега мора да се бори и со епидемија на опасната Денга-треска. Повеќе од 4000 лица се инфицирани во последните два месеца. Во погодените подрачја треба да бидат затворени училиштата.

 

Автор: Бјорн Дис / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска