Пазарите повторно и‘ веруваат на еврозоната
24 мај 2013Колапс на еврозоната речиси веќе воопшто не се споменува меѓу инвеститорите, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги во Лондон. „Пазарите имаат целосна доверба дека еврото е силна и стабилна валута.“
Болните реформи во земјите во криза носат плодови, тврди Драги: „Тоа може да се види од неверојатното подобрување на извозот на Ирска, Шпанија и Португалија.“ Сепак, според првиот човек на ЕЦБ, ситуацијата во еврозоната останува предизвик, поради падот на економскиот учинок шест квартали по ред и лошата состојба на пазарот на работна сила.
„Повеќе Европа“
Марио Драги е убеден дека еврозоната од кризата ќе излезе посилна. Европа презеде натамошни чекори на интеграција: „Одговорот на кризата не беше помалку, туку повеќе Европа“, вели Драги и додава дека по тој пат треба да се оди и натаму и дека и ЕУ и монетарната унија треба посилно да се интегрираат.