1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Очекувањата се остварија

10 јануари 2005

Умерениот палестински лидер Махмуд Абас, прогласи победа на палестинските претседателски избори , откако излезните анкети покажаа дека за него гласале повеќе од 65 насто од Палестинците кои вчера се појавија на избирачките места.

https://p.dw.com/p/AcIH
Победникот Махмуд Абас
Победникот Махмуд АбасФотографија: AP

“ Оваа победа му ја посветувам на братот маченик Јасер Арафат, на нашиот народ , на нашите маченици и на 11 илјади затвореници во израелските затвори”. Со овие зборови лидерот на најголемото политичко движење на Палестинците , Фатах , ја прогласи победата на вчера одржаните претседателски избори во земјата .

Абас одлучи да прогласи победа откако истражувањата кои беа направени на излезите од избирачките места покажаа дека тој остварил недостижна предност пред неговите противкандидати уште во првиот круг на гласање на Западниот Брег , појасот Газа и во источен Ерусалим.

И одзивот на изборите беше пристоен и покрај повикот за бојкот упатен од страна на исламските милитанти . Централната изборна комисија на палестинските територии соопшти дека на гласање се појавиле најмалку 66 насто од регистрираните избирачи.

“Победата е убава , но ќе биде уште поубаво да бидат оставерни ветувањата” истакна Абас , кој порача дека ќе се труди да постигне мир со Израел , но истотака и оти ќе се бори против корупцијата која ја нагризува палестинската управа.

Официјалните изборни резулатати се очекуваат денеска , а Махмуд Абас треба да положи заклетва на функцијата палестински претседател во среда- соопштија палестински извори . Постизборните анкети покажаа дека најблиску до Абас според освоените гласови се наоѓа продемокартскиот кандидат Мустафа Баргути со 20 проценти подршка од избирачите .

Меѓународните изборни набљудувачи истакнаа дека гласањетѕо било фер ,без оглед на ограничувањата на движењето на Палестинците кои во автономните области ги има наметнато израелската армија .

Победета на Абас ги засили надежите за обновување на разговорите со Израел со цел наоѓање мировно решение за долгогодишниот конфликт.

Официјални претставници на Израел ги проследија резултатите од изборите со задоволство поради победата на прифатливиот кандидат Абаса но и со пораката:

„Ние сметаме дека новиот палестински лидер треба да преземе стратешка одлука , за борба против терористичките организации , односно да ја растури нивната инфраструктура и да му стави крај на тероризмот и насилството“- истакна министерот за надворешни работи Силван Шалом.

Американскиот претседател Џорџ Буш го пофали начинот на кој беа одржани изборите , истакнувајќи дека тие претставуваат неопходен чекор кон формирањето на палестинска држава . Тој притоа му вети помош на новиот претседател Махмуд Абас , а упати и порака до Израел да стори повеќе за да ја подобри хуманитарната состјба на палестинските области .

И ЕУ со оптимизам гледа на исходот од изборите за претседател на Палестинците. Шефот на европската надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, во победникот Махмуд Абас истотака гледа човек кој може да го продолжи мировниот процес на Блискиот Исток:

„Европската политика е многу јасна. Тие мораат да го сторат она што стои во мапата на мирот. Ние ја подржуваме мапата за мир , но мислам дека најважно по овој изборен ден е оти новоизбраните палестински претставници треба да започнат да соработуваат со Израел , и Израелците да започнат соработка со Палестинците . Мина долго време без фактичка соработка , и тоа е прво нешто за кое размислувам дека треба да се придвижи со цел да им биде подобрен животот на Палестинците-истакна Солана.