1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Очекуван пораз на Германија од САД

31 август 2006
https://p.dw.com/p/Aehq
Фотографија: Ap

Германија е елиминирана во четвртфиналето на светското кошаркарско првенство што се одржува во Јапонија. Германците загубија од главниот фаворит, селекцијата на САД, со 85 спрема 65. Натпреварот го следеа 16 илјади гледачи. Гермаснките кошаркари долго време му даваа силен отпор на американскиот тим. Капитенот Дирк Новицки по средбата оцени: „Американците денеска не беа толку надмоќни. Во првото полувреме ние добро се носевме со нив. Во третата четвртина тие го засилија притисокот со пресинг-игра на целиот терен, ни одзедоа неколку топки и не им требаше повеќе, само неколку минути, за да остварат водство, а потоа во завршницата играа опуштено“.

Нојрурер сменет

Прва смена на тренер во новото првенство на фудбалската Бундеслига: по три порази на стартот Хановер се раздели од тренерот Петер Нојрурер - со взаемна согласност, како што е речено.