Очајниот Анан
14 септември 2006�та организација:
Кризите во светот го определија освртот на Анан пред почетокот на генералното собрание на кое во вторник ќе настапат и американскиот претседател Џорџ Буш, но и иранскиот Ахмадинеџад. Два табора, Иран и Запад кои се однесуваат со меѓусебна недоверба, но мораат да разговараат, вели Анан:
„Никој не би требало да е заинтересиран за конфронтација. Шефовите на влади ми велат: никако не можеме да си дозволиме уште една криза во регионот„.
Анан предупреди на рокови и санкции, туку побара преговори со Европската унија. Додека за спорот со Иран покажа трпеливост, на прашањето за Дарфур покажа очај и беспомошност:
„Се наоѓаме пред катастрофа„.
Со години останува неслушнат неговиот апел и предупреди на нова Руанда, ако Судан не дозволи во земјата никакви трупи на Обединетите нации:
„Суданците јасно кажаа дека ако сакате втор Ирак, тогаш дојдете„.
Од крајот на септември два милиона бегалци и хуманитарните организации ќе бидат без заштита ако режимот во Картум не дозволи во последната минута сменување на африканските трупи со сини шлемови. Освен, тоа, не е потребна само согласноста на Судан или на Советот за безбедност. Потребни се и војници:
„Растргнати сме со мисии во целиот свет. Погледнете ги тешкотиите на НАТО да добие дополнителни 2 ипол илјади војници за Авганистан„.
Со новите кризи во Либан и Источен Тимор во моментов во акција се прелу 100 илјади сини шлемови. Преку 20 илјади се потребни за Дарфур, а нив, како што вели очајниот Анан, не може да ги добие.