1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Офанзивата на пакистанската армија во Црвената џамија влегува во завршна фаза

11 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BEkg

Офанзивата на пакистанската армија во Црвената џамија во Исламабад влегува во завршна фаза, соопштија воени извори. Екстремистите кои се уште држат заложници контролираат уште двасест проценти од зградата. Во операцијата којашто трае повеќе од 24 часа загинаа над 50 екстремисти и осум пакистански војници. Црвената џамија во којашто имаше две училишта за Коранот, се сметаше за упориште на муслиманските екстремисти во Пакистан.