Откриен гробот на Херод
8 мај 2007Реклама
Израелските археолози меѓу Ерусалим и Витлеем открија остатоци на саркофаг во кој, според нивните проценки, бил погребан јудејскиот крал Херод. На тоа укажуваат како местото, така и големиот број релјефи на камениот саркофаг, изјави археологот Ехуд Нецер. Инаку, името на кралот Херод е поврзано како со извештајот во Новиот тестамент за убиството на децата во Витлеем, така и со изградбата на храмот во Ерусалим. Израелските археолози трагаат по неговиот гроб повеќе од 35 години.