1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откриени илјадници непознати нацистички логори

Клара Валтер/ Жана Ацеска7 март 2013

Според новите студии, во време на нацизмот имало 42.500 принудни логори. Тоа е седумпати повеќе отколку што досега се сметаше. Тврдењето дека „никој ништо не знаел“ станува навистина апсурдно.

https://p.dw.com/p/17scQ
Фотографија: AP

„Зачудувачки е што и 70 години по војната, се дознава за нови видови логори и се појавуваат нови лични приказни за холокаустот“, вели американскиот историчар Мартин Дин во разговор за Дојче веле. Тој веќе 13 години собира податоци. Факти, кои историчарите од цела Европа, Израел и САД ги истражувале во пооделни трудови, кои биле познати на локално ниво, но недостигало вклопување во целосна слика. Дин се интересирал пак за целината. А токму тоа ги прави интересни новите резултати од истражувањата во Музејот на холокаустот, зашто тимот на Дин откри-густината на принудни логори била многу поголема отколку што досега се сметаше. Според проценките, низ цела Европа имало околу 42.500 логори, иако досега се сметаше дека биле „само“ 7 илјади.

30.000 логори за принудна работа

Студијата на Дин предизвика внимание. Прв за новите сознанија известуваше „Њујорк тајмс“, а потоа следеше лавина статии. Ненадејно е јасно: националсоцијалистичкиот режим вршел принудно испраќање во логори во цела Европа. Често, условите биле нечовечки, во многу логори владеело насилство и глад. Притоа, нацистичките логори служеле во различни цели: во Европа имало околу 30 илјади логори за принудна работа. Покрај нив, постоеле 1150 еврејски гета, 980 концентрациони логори, илјада логори за воени заробеници, 500 бордели за принудни проститутки. Кон ова доаѓаат бројни логоричија цел била „погерманчување“ на затворениците, принудување на жените на абортус, убивање на психички болните во акции за евтаназија и собирање на затворениците за транспорт во логорите на смртта.

Symbolbild Gefängnis Gefangenschaft Absperrung
Фотографија: Fotolia/Joerg Mikus

Логорите биле флексибилно користени

Мартин Дин и неговиот тим моментно се зафаќаат со истражување налогоритезавоени заробеници и за принудна работа. Тоа е макотрпна работа. Зашто, предметот на истражувањето и 70 години по крајот на војната е непрегледен: не ретко логорите биле користени само по неколку месеци и во одредени цели, а потоа ја менувале функцијата. До вакво откритие научниците дошле на пример кај логорите за „превоспитна работа“, водени од Гестапо. Во прва линија овие логори служеле за „дисциплинирање“ на работната сила. Но, често биле користени и за други цели, на пример како казнени логори за полските цивили или попатен логор за италијанските Евреи на патот кон концентрационен логор.

„Ако научникот ја опишува само едната функција, не е во право“, вели Дин. Секој логор притоа има своја историја, генерализирања се речиси неможни. Затоа, при постоење на 420 илјади логори, за историчарите се отвора истражувачка работа од огромни размери. Но, нови прашања не се испречуваат само пред науката. Многумина Германци треба да се зашрашаат во врска со минатото на своите баби и дедовци: можно ли е тие навистина да не знаеле ништо за 42 илјади логори во Европа? За Дин, тоа е несфатливо.

65 Jahre Befreiung Auschwitz
Логорот АушвицФотографија: AP

Логори како искуство во военото секојдневие

Германските научници не се изненадени од резултатите на истражувањата на Дин. Историчарот Христоф Дикман од институтот Фриц Бауер во Франкфурт им помагал на Американците при истражувањето. Дури неодамна, тој доби и наградa за својот труд во врска со холокаустот, „Јад Вашем“.

„Истражувањата од САД го потврдуваат фактот што логорите биле дел од военото секодневие. Ако ги прашаме нашите баби и дедовци, тогаш тие ги познавале сите принудни работници“, вели Дикманс.

Во 1943/1944 година, 20 до 30 проценти од целата работна сила во Германскиот рајх биле принудни работници, најголем дел живеел во логори.

Тоа што за ова поглавие во јавноста ретко се зборува, не го чуди Дикманс. Како што потврдуваат американските истражувања, постоеле повеќе од 500 бордели на Вермахтот, каде младите жени биле принудувани на проституција.

„Вермахт, тоа биле и нашите дедовци. А дали тие некогаш ни раскажувале за борделите? Не!“, вели Дикманс.

Специјална област на истражувае на Дикманс е Литванија во време на националсоцијализмот. Тој пронашол дека во Литванија имало над 100 еврејски гета, многу повеќе од досега познатото. Овде Германците испратиле околу 100 илјади луѓе, без јасен план, како тие таму да бидат прехранувани, кој да ги надгледува? Германската и литванската администрација биле недораснати на задачата, што имало фатални последици: окупаторите решиле дека Евреите, како „непријатели на Германскиот рајх“, го проиграле својот живот. До октомври 1941 година биле убиени сите домашни Евреи во Литванија. Но, ова се случувало со месеци, пред да започне планската депортација на Евреите од цела Европа во „логорите на смртта“.