1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

110809 Schumacher Rückzug

11 август 2009

Речено, одречено. Михаел Шумахер, сепак, нема да се врати во Формула 1. Најавениот камбек е откажан поради болките во вратот што ги чувствува Шумахер.

https://p.dw.com/p/J7gf
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, кој својата кариера ја заврши во 2006 година, требаше повторно да се најде на патеката на 23 август, на Големата награда на Европа на местото на повредениот возач на Ферари, Фелипе Маса. Сега, Михаел Шумахер мора да ги закопа своите планови за камбек. Неговиот портпарол, Сабине Кем, изјави: „Се разбира, ова е екстремно разочарувачки. Тој веќе ја имаше повратено тежината од 2006 година и беше, всушност комплетно подготвен.“

Во февруари, 40-годишниот Шумахер падна од моторцикл за време на една трка. Повредите очигледно се потешки отколку што беше досега познато. „Од лекарските испитувања произлезе дека последиците од падот се се‘ уште толку силни, што тој нема да може да го издржи стресот и оптоварувањето.

Ферари, сега мора да ги прави своите планови без седумкратниот светски првак Михаел Шумахер. Во Валенсија, според наводи на тимот, замена на Маса ќе биде италијанскиот тест-возач Лука Бадоер.

Автор: Штефан Нестлер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска