Отворен Вагнеровиот фестивал во Бајројт
26 јули 2012Годинашниот почеток на Вагнеровиот оперски фестивал е во сенка на скандалот со рускиот баритон Евгени Никитин, кој од младите денови има тетоважа на кукаст крст на градите. Откако тоа беше објавено, тој самиот се повлече од учеството.
Раковоството на фестивалот, внуките на славниот композитор Рихард Вагнер, Катарина Вагнер и Ева Вагнер Паские во меѓувреме ги отфрлија обвинувањата дека недоволно се соочуваат со национал-социјалистичкото минато на фестивалот. Катарина Вагнер изјави дека документите кои им биле достапни се ставени на располагање за научно истражување: „Историчарите работат на нив“.
На отворањето на Фестивалот во Бајројт беа присутни повеќе политичари, меѓу кои канцеларката Ангела Меркел, министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле и министерот за економија Филип Реслер.
На Вагнеровиот оперски фестивал до 28 август, покрај „Летечкиот Холанѓанец“, ќе бидат изведени и оперите „Тристан и Изолда“, „Парсифал“, „Лоенгрин“ и „Танхојзер“.