1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остри пресуди

Маркус Римеле23 јануари 2009

Три доживотни и три смртни казни им определи кинескиот суд за обвинетите во скандалот со затруено млеко во прав. Првите пресуди се само почеток на цела серија судски процеси во скандалот.

https://p.dw.com/p/Get1
Во скандалот со млеко беа вмешани 22 компанииФотографија: AP

Смртни казни, доживотни и повеќе долгогодишни казни затвор. Пресудите на судот во Шијажуанг во североисточната кинеска провинција Хебеи беа жестоки. Судот прифати оти е докажано дека Жанг Јуџун и Генг Џинпинг го мешале млекото со индустриската хемикалија меламин и потоа го продавале. Изречените смртни казни наидоа на големо одобрување кај населението. Според анкетираните, смртната казна е исправна и тоа треба да се свати како предупредување за сите.

Шест жртви и стотици заболени

Скандалот со млеко по повеќе месечно забошотување излезе на површина во септември минатата година. Најмалку шест мали деца починаа во Кина, затоа што се хранеа со детска храна затруена со меламин. Стотици други деца сеуште се наоѓаат под медицински третман. Меламинот е врзивна материја од индустријата. Во млекото со неа може да се постигне лажен впечаток за поголемо количество на белковини. Но кај малите деца оваа материја може да предизвика проблеми во мочните канали и камења во бубрезите.

Milchskandal in China
Од затруеното млеко најпогодени се децатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Скандалот предизвика голема паника кај многу родители во Кина. Три годишниот син на Жао Лианхаи се хранел со затруените млечни производи и добил камења во бубрегот. Жао отпатува во Хебеи, каде исто како и многу други погодени родители го следеше изрекувањето на пресудите на лице место. Судскиот претрес меѓутоа не беше отворен за јавноста. Жао е гневен поради тоа: „Бараме родителите на жртвите да бидат вклучени во судската постапка. Тоа е наше право кое ни беше ускратено. Тука сме да го критикуваме тоа“, вели Жао.

Разнишана довербата во прехрамбената индустрија

Поштедена од смртна казна остана поранешната шефица на концернот „Санлу“, Тиан Венхуа. Меѓутоа, таа мора да оди на отслужување доживотна казна затвор.

China Milchskandal Eine Frau prüft in einem Supermarkt Milchprodukte
Купувачите ги проверуваат производитеФотографија: AP

Во скандалот се вмешани 22 претпријатија. Тие планираат на жртвите заеднички да им исплатат отштета од 123 милиони евра. Повеќе од 200 родители, меѓутоа и покрај тоа поднесоа тужба пред Врховниот суд во Пекинг. Тие стравуваат од долготрајни оштетувања кај нивните деца и бараат јасни правила за тоа како во иднина ќе се плаќаат постапките.

Со жестоките пресуди, кинеската држава сака да покаже дека делува решително и дека ги казнува одговорните. Сепак довербата на Кинезите во нивните прехрамбени производи е разнишана.

„ Довербата веројатно ќе се врати чекор по чекор. Но доколку повторно на површина излезат такви случаи, тогаш граѓаните повеќе нема да им веруваат на контролините механизми“, вели една мајка на мало дете од Пекинг.