1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остварен последниот технички услов за визна либерализација

26 март 2009

Во МВР денеска свечено е пуштен во употреба системот за интегрирано гранично управување (ИСИГУ), што е последен од техничките услови што Република Македонија треба да ги исполни за целосна визна либерализација со ЕУ.

https://p.dw.com/p/HK9n
Граѓаните очекуваат што поскора визна либерализацијаФотографија: picture-alliance/chromorange

Премиерот Никола Груевски, кој официјално го пушти во употреба системот, истакна дека станува збор за еден од најнапредните системи од овој вид во Европа, кој ќе поврзува тринаесет институции и ќе овозможи размена на информации и стратешки анализи, со што значително ќе ја олесни работата на повеќе државни органи за следење на законското работење на компании и лица.

„Со имплементирањето на овој исклучително современ систем, Република Македонија станува лидер во регионот, но и пошироко“, истакна премиерот Груевски.

Тој нагласи дека системот ИСИГУ добил позитивни оценки и од сите три мисии, што Брисел ги спроведе за неговаа проверка.

Груевски најави дека владата планриа да оди понапред од условите кои во моментот се бараат, со цел што е можно поскоро да се приклучи кон шенген-системот.

На свеченоста присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, како и министрите за внатрешни работи и за информатичко општество, Гордана Јанкуловска и Иво Ивановски, како и други високи функционери на МВР.

Извор: МИА

Подготви: Трајче Тосев