1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остар протест на Пекинг до САД

18 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bs9K

Американскиот амбасадор во Кина бил повикан во министерството за надворешни работи во Пекинг , при што му била врачена протестна нота поради одликувањето кое му врачено на тибетанскиот духовен лидер Далај Лама од страна на американскиот претседател Џорџ Буш. Портпарол на министерството истакна дека тоа преставува грубо мешање во внатрешните работи на Кина, со што се нарушени американско-кинеските односи . Вчера американскиот претседател Џорџ Буш го одликува тибетскиот водач Далај Лама со највисок орден на САД. При одликувањето во американскиот Конгрес, Буш го нарече духовниот водач „универзален симбол за слободата и толеранцијата“. Далај Лама, Пекинг го обвинува за сепаратизам