1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на директорот на Би-Би-Си

ЕМФ/дв11 ноември 2012

Прво скандалот со злоставување поврзан со поранешниот водител на емисијата „Top of the Pops", а сега и неосновани обвинувања против еден политичар - генералниот директор на Би-Би-Си Џорџ Ентвисл се повлече од функцијата!

https://p.dw.com/p/16gmH
Фотографија: Getty Images

Изненадувачката оставка на првиот човек на Би-Би-Си, кој на функцијата беше само два месеца, е последица на погрешен извештај за скандал со злоставување во Велика Британија: „Сметам дека оставката е соодветна реакција“, изјави Ентвисл вчеравечер (11.11) пред камерите во Лондон. Конечно, како што додаде Ентвисл, тој како генерален директор, е „одговорен за целата содржина“ на емисиите на Би-Би-Си.

BBC London
Фотографија: Getty Images

Обвинувањата биле лажни

Повод за се‘ е телевизиски извештај во кој имало обвинувања за злоставување деца. Притоа, под сомневање се нашол поранешниот политичар Алистер МекЕлпин. Филмот бил емитуван во истражувачката емисија „Њуснајт“, чија редакција во овој случај не истражувала доволно детално и внимателно.

„Њуснајт“ во изминатите денови известуваше за Стив М., кој во 1970-тите години бил злоставуван во дом за деца во Велс. Иако извршителите во емисијата не биле спомнати поименично, непосредно потоа на интернет кружела шпекулација дека станува збор за МекЕлпин. Поранешниот благајник на конзервативците во петокот (09.11) ги демантираше обвинувањата, а и самиот Стив М. соопшти дека МекЕлпин не е извршителот.

Sir Jimmy Savile BBC Top of the Pops
Џими Севил беше ѕвездаФотографија: AP

Би-Би-Си во моментов ионака е под притисок поради скандалот околу водителот на култната емисија „Top of the Pops", Џими Севил, кој почина пред една година. Имено, на сметка на Севил има обвинувања дека во времето кога бил водител во Би-Би-Си сексуално злоставил голем број млади. „Њуснајт“ немаше извештај околу обвинувањата против некогашната ѕвезда на Би-Би-Си.