1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на вицепремиерот Ивица Боцевски

30 јуни 2009

Македонскиот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, поднесе оставка на функцијата, соопшти македонската влада.

https://p.dw.com/p/IeG0
Ивица БоцевскиФотографија: Dragan Todorovski

„Мојот придонес во актуелната влада веќе е целосно исцрпен и затоа Ве известувам дека денеска поднесувам неотповиклива оставка на функцијата заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања“, се наведува во оставката, која Боцевски ја доставил до премиерот Никола Груевски.

Владата во соопштението наведува дека премиерот Груевски изразил благодарност за досегашната соработка и задоволство од начинот на кој што потпретседателот Боцевски го водел Секретаријатот за европски прашања.

Државниот секретар при Секретаријатот за европски прашања, Перо Димшоски ќе ја преземе одговорноста за секојдневното раководење со Секретаријатот за европски прашања, до именувањето на новиот вршител на оваа должност.

Автор: ЖА/АТ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска