Осама бин Ладен – најава
7 септември 2007Реклама
Апсењето и ликвидирањето на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен претставува „апсолутен приоритет„ на САД – изјави синоќа советникот на претседателот Џорџ Буш за внатрешна безбедност Френсис Таузенд. Тој додаде дека САД успеале да уапсат многумина од водачите на Ал Каеда, но прва и основна цел останува Бин Ладен.
Повод за реакцијата на Таузенд е најавата за нова видео порака на Осама бин Ладен по повод шестата годишнина од нападите врз САД на 11-ти септември 2001-та година.