1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оптимизам од Брисел

Елена Петреска16 декември 2005

Самит на ЕУ во Брисел. Најинтересното за Македонија: се очекува по завршувањето на дебата за буџетот, да биде соопштено дека земјата го добива статусот кандидат за членство.

https://p.dw.com/p/AcAT
Од самитот во Брисел
Од самитот во БриселФотографија: AP

Франција најверојатно денеска и официјално ќе ја благослови македонската кандидатура за членство во ЕУ. Оптимистичките сигнали што врз основа на предлог заклучоците на самитот ги искажаа дипломнатите во Брисел, доцна синоќа ги потврди и официјален француски претставник. Кандидатскиот статус на Македонија во ЕУ нема да биде условувен со договор за европскиот буџет, го искажа тој ублажениот француски став по работната вечера со која лидерите го почнаа дводневниот самит. Сепак додаде дека кандидатскиот статус на Македонија нема да значи веднаш и нов бран на проширување на Унијата.

„ Позицијата на Франција е следнава: како прво ние го признаваме напредокот што го направи Македонија и што беше потврден со извештајот на Комисијата, и како второ сакаме европската перспектива за Западнобалканските земји да биде отворена и признаена, но од друга страна ова треба да се реализира во контекст со европската стратегија за проширувањето, што ќе биде тема на дискусија наредното шестмесечје. Токму затоа работиме на решение со кое ќе бидат задоволени сите страни. “ одговори за Дојче Веле претставникот на француската делегација кој не сакаше да биде именуван.

Дипломатски извори од Брисел, веќе посочија дека по се изгледа Македонија ќе добие убави вести од самитот. Не се знае дали била тема на вечерата на европските лидери, но како што се дознава кандидатскиот статус ќе и биде доделен веднаш по дебатата за буџетот и тоа без дискусија, без разлика дали евро – лидерите ќе се договорат околу спорното финасисрање на Унијата.

Се пооптимистичкотото расположение за земјата синоќа директно го потврди и данскиот премиер Андрес вон Размусен

„Мислам дека постои фер шанса да се постигне договор и на Македонија да и се додели кандидатски статус во Унијата. И мислам дека тоа ќе биде многу добар сигнал, не само за Македонија туку и за сите земји од Западниотбалкан “ изјави Размусен, посочувајќи дека Македонија не треба да биде заложник на буџетската криза на Унијата, туку треба да биде вреднувана според сопствените достигнувања.

Данскиот шеф на владата присуствуваше на состанокот на европските либерали, демократи и реформатори кој се оддржа непосредно пред почетокот на европскиот самит. Собирот на партиско ниво на кој присуствуваше и евро – комесарот за проширување Оли Рен, меѓу другото има за цел да го напипа пулсот за тоа во која насока се движат ставовите на европските лидери. Претседателот на македонските либерали Стојан Андов кој вчера на состанокот беше заедно со либерал денмократите Ристо Пенов Емили Киријос, пред микрофонот на Дојче Веле коментира: Работите и одат во прилог на Македонија

„Нема што да се убедува. Сите не поддржуваат, нашата позиција и барањето, Македонија да добиде статус на кандидат. Меѓутоа и тие укажуваат дека решенијата во буџетот ќе предизвикаат одредено доцнење за Македонија, во почнувањето со преговори, во пристапот во развојните фондови за прилагодување до ЕУ, и општо нема да дојде до поместување на економската позиција на државата со добивањето на тој статус, туку ќе се чека најверојатно до 2007, кога Бугарија и Романија ќе влезат како полноправни членки. Мислам дека ќе го добиеме тоа, сепак очекувам Французите да се повлечат од таа резерва и да се согласат на Македонија да и се даде статус на кандидат за полноправен член во ЕУ “ изјави синоќа Андов

Сите погледи денеска се свертени кон официјалниот дела на европскиот состанок, чија агенда според многумина може да се одолговлечи поради пеглањето на разликите околу европскиот буџет. Македонија за многумина е споредна работа, но она што е извесно е дека таа по овој самит ќе има расчистени дилеми, за тоа дали ќе биде или не земја кандидат во ЕУ.